СТАНДАРД life
Фото: Инстаграм
Балкан микс

Се ожени музичарот Албино: За избраничката малку се знае, прославата организирана во Белград

Музичарот Стјепан Јелица Албино се ожени со својата долгогодишна партнерка Исидора. Прославата беше организирана во ресторан во Белград.

Тој не објавува детали од својот приватен живот на социјалните мрежи, па затоа не се знае многу за неговата избраничка. На свадбата присуствуваа многу познати личности.

Гостите ги забавуваа Рада Манојловиќ и Магла Бенд. Двојката подготви генијален подарок за гостите – Кафетин и напиша: „Мамурлакот е минлив, спомените се вечни! Мал подарок за добро утро!“

Албино ја започна својата музичка кариера во 2012 година. Тој стекна популарност откако ја издаде песната „Раста“, која е ремикс на песната „Рокстар“ од Пост Малоун.

Тој соработувал со бројни познати имиња во светот на музиката, меѓу кои Амна Алајбеговиќ, Теодора Џеверовиќ, Милица Павловиќ, Едо Маајка, Ема Радујко итн.

Порано оваа година, тој издаде дует со Џејла Рамовиќ наречен „Зиме“. Претходно, во интервју за Nova.rs, тој зборуваше за албинизмот.

„Немав никакво посебно искуство со луѓето во однос на нивните мислења и ставови за тоа, бидејќи луѓето во средината каде што пораснав дури и не знаат за терминот албинизам. Ни јас не знаев до средно училиште, но често имам ситуации каде што луѓето ми приоѓаат и ме прашуваат нешто на англиски, германски или француски затоа што никој не верува дека сум од тука“, рече тој.

Поврзани вести

Марија Шерифовиќ откри како се сложуваат нејзиниот син и кучето и за инцидентот во Зеница: „Во БиХ секогаш одам со широко отворено срце“

Radmila Tasevska

Пријовиќ откри што и кажала Розга кога ја повикалa да гостува на концертот во Арена

Radmila Tasevska

Катиќ: Нашите режисери се уште имаат уметничка слобода, странските режисери немаат глас

Urednik