Српскиот актер Миодраг Радоњиќ сака на шега да ја споредува сопругата со Моника Белучи, но додава дека Милица е сепак поубава и подобра од познатата актерка.
Радоњиќ се прослави во серијата „Јужен ветер“ со улогата на симпатичниот Бача, па ги освои симпатиите на женскиот дел од публиката, а ни помалку ни повеќе со улогата на инспекторот Зоран во серијата „Убијците на мојот татко“.
Миодраг е во среќен брак со Милица Микиќ, со која го има синот Сава. Годините само му ја разгореа љубовта и симпатиите кон сопругата, па тој ја споредува со една од најубавите Италијанки.
Милица е психолог, па Радоњиќ сака да се пошегува дека таа не го освоила, туку го хипнотизирала:
„Таа не ме освои, повеќе како да ми стави некаква хипноза. Кој знае што учат таму…“
Актерот гордо зборува за својата сопруга и ја споредува со Моника Белучи: „Милица е иста Моника Белучи! Често се шегувам со неа за тоа и ја споредувам со позната актерка. На луѓето им се фалам дека ја имам Моника Белучи до мене. Но, Милица е подобра и поубава од Моника!”