СТАНДАРД life
Балкан микс

Ѕвездата на „Јужен ветер“ ја спореди сопругата со Моника Белучи!

Српскиот актер Миодраг Радоњиќ сака на шега да ја споредува сопругата со Моника Белучи, но додава дека Милица е сепак поубава и подобра од познатата актерка.

Радоњиќ се прослави во серијата „Јужен ветер“ со улогата на симпатичниот Бача, па ги освои симпатиите на женскиот дел од публиката, а ни помалку ни повеќе со улогата на инспекторот Зоран во серијата „Убијците на мојот татко“.

Миодраг е во среќен брак со Милица Микиќ, со која го има синот Сава. Годините само му ја разгореа љубовта и симпатиите кон сопругата, па тој ја споредува со една од најубавите Италијанки.

Милица е психолог, па Радоњиќ сака да се пошегува дека таа не го освоила, туку го хипнотизирала:

„Таа не ме освои, повеќе како да ми стави некаква хипноза. Кој знае што учат таму…“

Актерот гордо зборува за својата сопруга и ја споредува со Моника Белучи: „Милица е иста Моника Белучи! Често се шегувам со неа за тоа и ја споредувам со позната актерка. На луѓето им се фалам дека ја имам Моника Белучи до мене. Но, Милица е подобра и поубава од Моника!”

Поврзани вести

Северина во друштво на познат продуцент

Radmila Tasevska

Шербеџија: Се дружам со пријатели, одам по кафеани, одгледувам внуци, водам љубов со жена ми и живеам среќен живот

Urednik

„НОНСТОП МЕ ТЕПАА“: Искрена исповед на Сергеј Четковиќ, сега е особено слаб кон ќерките

Radmila Tasevska