СТАНДАРД life
Балкан микс

📸Ана Ивановиќ објави слика со двајца мажи откако го избриша Швајнштајгер од својот живот!

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ неодамна се разведе од екс фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, но јавноста сè уште не престанува да зборува за нив.

Откако фотографиите од Швајнштајгер и неговата нова партнерка, Бугарката Силва Капитанова, се појавија неколку пати на социјалните мрежи, Ана Ивановиќ ги избриша сите фотографии од неа и нејзиниот поранешен сопруг од Инстаграм.

Судејќи според најновите фотографии што Ивановиќ ги објави на социјалните мрежи, се чини дека поранешната тенисерка го преболела разводот.

Таа моментално е на одмор со нејзината најдобра пријателка Мирослава Најдановски, поранешна национална шампионка во пливање. Двете моментално се во Шпанија, каде што присуствуваат на свадбата на геј парот Стефан Релиќ и Пол Валчиќ.

Поранешната тенисерка избра елегантен розов фустан и високи потпетици, а на фотографиите што ги објави, навистина изгледа како да ужива.

Поврзани вести

Некогаш најпопуларната поп пејачка во регионот, по 10 години блесна на фестивалската сцена „Бисер на Јадранот“

Urednik

Милица Павловиќ потрошила 5.000 евра за стајлинг (ФОТО)

Radmila Tasevska

Еве која песна и ја посветил Здравко Чолиќ на својата поранешна љубов

Radmila Tasevska