СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

5 знаци дека кандидатот има голем ПОТЕНЦИЈАЛ

Во својот блог „Пет знаци дека кандидатот има голем потенцијал“, Вивијан Гианг наведува пет особини што треба да ги барате при проучување на биографијата на кандидатите за работата што сте ја огласиле.

Кандидат со голем потенцијал:

1) Знае што ви треба и тоа јасно го кажува во неговата апликација

Доколку кандидатот ја сака работата што сте ја понудиле и размислува сериозно, тој ќе најде време да истражи информации за компанијата, потребните вештини за да заврши квалитетна работа и да ги исполни вашите очекувања.

Резултатите од тоа истражување треба да се бараат во нивните апликации за огласот.

2) Тој ги признава своите слабости, но ги претвора во можности

Еден од најсилните показатели за успех, според професорот Адам Грант и неговата нова книга Originals, е подготвеноста да ги признаете вашите потенцијални слабости и да објасните како можете да ги претворите во можности.

Кандидат со голем потенцијал треба да даде до знаење какви квалификации нема, но истовремено да објасни како може, независно од тоа, квалитетно да си ја врши работата.

3) Знае како да се истакне со различна апликација

Кандидатите со сериозен потенцијал се во можност да се истакнат во однос на конкуренцијата, подготвени се да прекршат неколку правила, без оглед дали тоа значи дека ќе ви испратат друга биографија или презентација што не сте ја побарале.

4) Јасно ви дава до знаење кој е и каков е

Кога луѓето се директни и искрени за тоа кои се, а нивните вештини одговараат на вашите очекувања, станува збор за присуство на многу сериозен талент.

Размислете за следново: директниот кандидат уште од самиот почеток јасно кажува каков е, за да знаете веднаш со кого си имате работа и, како резултат, да не губите време на оние кои не се заинтересирани.

5) Тој е автентичен

Не е лесна задача да се најде талентиран кандидат кој е подготвен да биде автентичен уште од самиот почеток.

Освен тоа, како изгледа автентичноста?

Некои апликации може да ве воодушеват на прв поглед, но откако ќе размислите за тоа, можете да заклучите дека тоа не е она што го барате.

За да му пристапите на кандидатот транспарентно, треба да бидете јасни за вашите очекувања и за вашата дефиниција за „автентичност“.

Поврзани вести

Намалени трошоци и зголемени приходи: Како до МИЛИОН долари додека наполните 30 години?

Влатко Зорба

На големите патнички бродови им е забрането да се приближуваат до центарот на Венеција

Влатко Зорба

4 финансиски лекции од 2020-та кои ќе ви помогнат да испланирате солидна 2021 година

Влатко Зорба