СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

6 начини да се опуштите по напорниот работен ден

Од почетокот на пандемијата до сега, сè уште има многу луѓе што си ја работат својата работа од удобноста на сопствениот дом. Некои од овие луѓе поминуваат поголем дел од својот работен ден седејќи на компјутер и прават еден куп видео состаноци. Со текот на времето, ова би можело да троши многу енергија, пренесува 24сата.хр.

Повеќето луѓе, а особено интровертните, сигурно се чувствувале потполно истрошено и безволно барем во одреден момент откако работеле од дома. И тоа е сосема разбирливо. Никој не може да очекува дека ќе бидеме „вклучени“ 100 проценти од времето секој ден. Ни треба време за да ја надополниме енергијата и да ги наполниме батериите пред да се вратиме во стресот на секојдневниот живот и работата.

Одвојувањето време за да ги наполниме батериите по напорниот работен ден е клучно за одржување на здрав баланс помеѓу работата и личниот живот и подобрување на нашиот целокупен квалитет на живот.

На овие шест брзи и лесни начини, интровертните или само уморни луѓе можат да најдат малку мир и спокојство:

Набљудувајте го светот околу вас

Поминете некое време гледајќи го светот низ вашиот прозорец со шолја кафе или чај. Може да има терапевтски ефект. Додека гледате низ прозорецот, можете да сонувате за идни патувања или нови активности.

Бидете креативни

Насочувањето на креативната енергија ќе ви овозможи да го задржите вашето внимание, да бидете поприсутни и да се фокусирате помалку на сите работи што можат да тргнат наопаку на работа. Изработката на нешто што е живописно исто така може да биде корисна промена на ритамот во монотони денови.

Не мора да започнувате да создавате ремек-дело, но започнете со нешто што го сакате долго време. Сега е најдобро време да ги искористите придобивките од креативната ментална релаксација.

Вежбајте

Движењето предизвикува хемиска реакција што доведува до чувство на задоволство и обновена енергија. Без разлика дали сакате да направите посилен тренинг или само да пешачите, вежбањето во некоја од овие форми ќе ве ослободи од напнатост и стрес и веројатно е дека ќе го вратите позитивниот дух и ум.

Ако имате автомобил, искористете го

После особено исцрпувачкиот ден, вашиот автомобил може да биде извор на одмор. Возете до тивка област во природата за да дишете свеж мирис на дрвја, вода или планини. За дополнителна релаксација, можете да пуштите омилена смирувачка музика и да возите низ омилените улици или да го истражувате градот.

Завршете го секој работен ден со кратка медитација

Откако ќе го исклучите компјутерот, одвојте неколку минути за да медитирате. Читајте во тивок простор, изразете ги своите мисли и чувства во писмена форма, без да ги оправдувате пред другите. Или едноставно седнете и не правете апсолутно ништо.

Исклучете се од светот на Интернет

Ова е особено случај за интроверти кои можат да претераат и сепак да останат на Интернет по часови. Тие претпочитаат да комуницираат преку Интернет и преку СМС пораки отколку во живо, па можно е кога ќе завршат со работа да ја префрлат својата комуникација преку мобилен телефон или смс. Препорачливо е да ги исклучите компјутерот и мобилниот телефон после работното време, барем до вечерата, бидејќи на тој начин ќе се опуштите и одморите повеќе.

Работата може да биде енергичен и моќен начин за интровертите да ги изразат своите таленти и да ги покажат своите вештини. Но, не смеете да дозволите еден куп видео состаноци и видео повици со колегите да ви ја одземат енергијата. Така ќе ви недостасуваат фасцинантните работи што животот може да ги понуди, дури и покрај пандемијата, пишува Mind Body Green.

Поврзани вести

Вработените доцна сфаќаат дека се жртви на мобинг: Како да ги препознаете знаците на вознемирување на работа?

Влатко Зорба

10 совети како да побарате и да добиете покачување

Влатко Зорба

Федерер станува првиот МИЛИЈАРДЕР во светот на тенисот!