СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Се огласи ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК на палатата: Бизнисмен и партнер на Путин во џудо

Рускиот бизнисмен Аркадиј Ротенберг изјави дека тој е сопственик на огромна палата на југот на Русија, која лидерот на опозицијата Алексеј Навални ја поврза со шефот на државата Владимир Путин.

Видеото во кое Навални изјавува дека Путин е сопственик на палатата е прегледано повеќе од 103 милиони пати на Интернет.

Ротенберг беше спаринг партнер на Путин во џудо, а во 2019 година го продаде својот удел во компанијата за изградба на гасоводот „Стројгазмонтаж“ за скоро милијарда долари.

Според Ротенберг, тој ја купил палатата пред две години, пренесе Ројтерс.

„Веќе не е тајна, јас сум корисник. Тоа е многу комплициран објект, имаше многу доверители, но јас успеав да станам сопственик“, рече Ротенберг.

Ротенберг е на списокот на руски официјални лица и бизнисмени што западните земји ги ставија на црната листа по руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Поврзани вести

Ќерката и зетот на Трамп потрошиле 100.000 долари на даночните обврзници поради тоалет

Влатко Зорба

Прашања што најголемите бизнисмени им ги поставуваат на кандидатите за работа

Влатко Зорба

Живот со помалку од 100 денари дневно: Земји каде десетици милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија (инфографик)

Влатко Зорба