СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Подготвувањето храна кај жените зафаќа 37% од домашните активности, кај мажите само 12%

Подготвувањето храна кај жените зафаќа 37% од домашните активности, додека кај мажите само 12%. Исто така, миењето садови кај жените зафаќа 16% од домашните активности, додека кај мажите само 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според просечното дневно користење на времето на лицата на возраст од над 10 години, во 2014 и 2015 година, најмногу е застапено спиењето со околу девет часа, потоа слободните активности со помалку од пет часа дневно и на трето место работните обврски со нешто помалку од четири часа во текот на денот.

Потоа следат домашните активности на коишто жените трошат четири часа, а мажите двојно помалку, па јадење и пиење со над два часа дневно.

Најмалку време, според статистиката, се троша на патување, школување, волонтерска работа и помош.

Поврзани вести

Израел и Грција се договорија за слободно патување на вакцинираните туристи

Влатко Зорба

10 совети како да побарате и да добиете покачување

Влатко Зорба

Данска планира да воведе „корона-пасош“: „Ова е светлото на крајот од тунелот“

Влатко Зорба