СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Имаме најави за потенцијални инвестиции меѓу 80 и 100 милиони евра

Поголеми приходи за вработените, преку нови инвестиции во постојните и отварање нови производствени капацитети е целта на активностите што ги спроведува Владата како поддршка на странските инвестиции во земјата. Интенција е таквите активности да се насочат кон реализација на веќе договорените услови од заемен интерес преку реализирање на предвидените планови од страна на компаниите, но и да се иницираат дополнителни услови што ќе овозможат реализација на нови развојни проекти. Тоа го истакна директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кој денеска ги посети индустриските капацитети во ТИРЗ во Кичево, Струга и во Охрид.

-Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и нивните планови за нови инвестиции. Изминатите неколку месеци имаме најави со конкретни писма на интерес, како од постоечките така и од нови фирми, преку потенцијални инвестиции меѓу 80 и сто милиони евра. Позитивно за нас е што компаниите работат, размислуваат да ги прошируваат капацитетите. Тоа ќе значи не само нови работни места, туку квалитетни работни места што подразбира добри примања, рече Деспотовски.

Тој појасни дека се разгледуваат, дискутираат нови мерки што би биле во насока на поттикнување спирала на раст на платите на вработените во компаниите во ТИРЗ.

-Подготвуваме инвестициски пакет од 15 милиони евра насочен кон инфраструктура. Тоа не значи само исполнување на договорните обврски на Дирекцијата кон компаниите, туку и создавање услови за нови инвестиции. Една од мерките е поттикнување на криеирање нови работни места, условена со динамика во пораст на платите за сите вработени во компаниите, рече тој.

Како еден од главните проблеми што се јавува и како предуслов за покачување на примањата на вработените од страна на Асоцијацијата на технолошки напредните компании и генерално од сите странски компании е продуктивноста во производствениот процес.

-Продуктивноста е проблем децении наназад. Разговараме за посебна програма што предвидува државата преку кофинансирање да им овозможат на компаниите да спроведуваат програми за развој на вештини, што од своја страна ќе поттикнат раст на продуктивноста, а оттаму и пораст на платите, рече Депостовски.

Поврзани вести

Македонска пошта почна со платниот промет

Влатко Зорба

Битиќи: Процесот за ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен до крајот неделата

Берта Китинска

Извештај за февруари: Раст на прометот и вкупниот број на трансакции на Македонска берза

Влатко Зорба