СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Копачки на Меси се продадоа за 143.000 евра

Познатата аукциска куќа „Christie’s“ продаде копачки на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси за неверојатни 143.000 евра.

Фудбалските обувки што ги носеше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кога го постигна рекордниот 644 гол за Барселона беа ставени на аукција со цел да се соберат средства за добротворни цели.

Меси донираше копачки на Museu Nacional d’Art de Catalunya со кои го постигна 644-от гол за Барса, што е рекорден по постигнатите голови за еден клуб, а музејот одлучи да ги продаде на аукција и да ги донира средствата на Vall Hebron Универзитетска болница во Барселона.

Меси го постигна 644-от гол против Реал Ваљадолид во 65-тата минута од натпреварот одигран на 22 декември 2020 година, со што го надмина Пеле кој постигна 643 погодоци за Сантош.

На овој начин беше срушен светскиот рекорд кога станува збор за цена на фудбалски обувки, кој претходно го држеше Пол Погба, чии копачки беа продадени на аукција во Париз во 2019 година за 37.000 евра.

Станува збор за Adidas Nemeziz Messi 19.1 потпишани од Меси, со името на неговата сопруга Антонела Рокуцо и датумите на раѓање на неговите синови Тијаго, Матео и Чира.

Заедно со фудбалските обувки, се добива и потврда за автентичност, и иако се претпоставуваше дека тие ќе се продаваат по цена од 60.000 до 80.000 евра, оваа бројка секако ги надмина очекувањата.

Поврзани вести

Менхетен доживеа бум на крајот на 2020 година, двојно зголемено изнајмувањето на станови

Влатко Зорба

Пентхаус продаден за рекордни 59 милиони долари: Закрепнува пазарот на луксузни станови

Влатко Зорба

Прва 3Д населба во светот: ПЕЧАТЕНИ куќи, готови за ЕДЕН ДЕН (ВИДЕО)

Влатко Зорба