СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Малта: Дојдете на одмор, ќе добиете 200 евра по лице

Државата Малта планира да понуди по 200 евра на секој странски турист кој ќе помине најмалку три дена во островската земја следното лето.

Намерата на државата Малта е да ја оживее туристичката индустрија и да биде чекор пред ривалските туристички земји.

Министерот за туризам на Малта, Клејтон Бартоло, вчера го претстави планот. Тој рече дека повеќето ограничувања воведени поради КОВИД-19 се очекува да бидат укинати до 1 јуни. На туристите кои ќе резервираат сместување во туристички хотели, управата на хотелот ќе им даде пари по пристигнувањето.

Покрај тоа, Бартоло истакна дека на туристите кои ќе резервираат сместување во хотели со пет ѕвездички, ќе им бидат доделени 100 евра од Државната управа за туризам. Тие ќе добијат уште 100 евра од управата на хотелот.

Податоците од Светскиот совет за патувања и туризам покажуваат дека туризмот директно или индиректно сочинува повеќе од 27 проценти од економијата на Малта. Тој сектор е загрозен од пандемијата Ковид-19.

Во 2019 година, Малта ја посетија повеќе од 2,7 милиони странски туристи. Тој број е намален за повеќе од 80 проценти од откривањето на вирусот во март минатата година.

Поврзани вести

7 знаци дека сте жртва на „прегорување“ и 6 индустрии во кои работниците се најмногу под стрес

Влатко Зорба

„Не сте добар водач, ако мислите дека сте најдобри и никој друг не е добар“

Влатко Зорба

Pizza Hut со нов хит – кора од пица полнета со кашкавал, но без остатокот од пицата

Влатко Зорба