СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

На големите патнички бродови им е забрането да се приближуваат до центарот на Венеција

Италијанската влада во четвртокот објави дека привремено ќе ги пренасочи големите патнички бродови кон индустриското пристаниште Маргера и повеќе нема да им биде дозволено да се приближуваат до центарот на Венеција.

Министрите за животна средина, култура, туризам и инфраструктура одлучија привремено да пренасочат крстаречки бродови во Маргер „за да го заштитат историското и културното наследство што не припаѓа само на Италија, туку и на светот“, се вели во заедничкото соопштение.

Четворицата министри кои се огласија за време на видео-конференцијата, исто така, повикаа на идеи за тоа како да се закотват тие бродови надвор од Венецијанската лагуна и како „на структуриран и конечен начин да се реши прашањето за големи транспортни бродови во Венеција“.

Овој тип на бродови во Венеција се извор на полемики со години.

Критичарите велат дека туристичките монструози се непријатни за око и претставуваат закана за животната средина, придонесувајќи за туристички толпи, а нивните бранители истакнуваат дека индустријата создава работни места за градот.

Поврзани вести

Турски клуб собира пари преку СМС за да ја покрие платата на својата ѕвезда

Влатко Зорба

Грчкиот премиер оптимист за туристичката сезона

Влатко Зорба

Топ 5 парчиња што секоја деловна жена треба да ги има во својот плакар

Влатко Зорба