СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Најсмешните изговори за не доаѓање на работа

Истражувањата покажуваат дека 30 проценти од вработените лажеле најмалку еднаш годишно дека се болни за да не мора да одат на работа. Но, наместо едноставно да му кажат на својот шеф дека не можат да дојдат затоа што се болни, тие понудиле многу покреативни одговори.

Така, еден вработен рекол дека не може да дојде на работа затоа што палецот му се заглавил во славината, а една дама како изговор навела дека ја каснала птица, пренесува порталот „Бизлајф“.

„Секојпат кога ќе помислиме дека сме виделе се, истражувањата следната година нè изненадуваат“, рече Розмари Хефнер, потпретседателка за човечки ресурси на веб-страницата „Кариер билдер“, која го спроведува истражувањето.

Од 2.000 причини, истражувачите ги издвоија десетте најсмешни. Иако некои од горенаведените можеби се точни, ваквите изговори предизвикуваат најголеми сомнежи.

* Не дошла на работа затоа што и било лошо од премногу читање

* Алкотестот не му дозволил да го запали автомобилот

* Има скршено срце

* Мртвата баба била ексхумирана од полицијата за истрага

* Заборавил дека го вработиле

* Прстот му се заглавил во славината

* Кучето доживеало нервен слом

* Бил вознемирен поради серија

* Ја каснала птица

* Нејзината коса станала портокалова откако се фарбала дома

Поврзани вести

Прашања што најголемите бизнисмени им ги поставуваат на кандидатите за работа

Влатко Зорба

Холивудските филмови со најмала заработка во изминативе 40 години

Влатко Зорба

Боледување, додека работите од дома: Дали воопшто постои или со температура седите пред вашиот лаптоп?

Влатко Зорба