СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Три начини за БОРБА со „дигиталниот замор“

Минатата година дефинитивно беше обележана со пандемија на коронавирус што го смени начинот на живот, работа и забава. Еден од проблемите е дефинитивно дигиталниот замор, кој стана вообичаена појава поради работа од дома.

Поради пандемијата на коронавирус, многумина работат од дома, а работното време често трае подолго од вообичаеното. Затоа многумина се „залепени“ на мобилни телефони и компјутери и живеат живот во кој нема јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот.

На долг рок, овој животен стил може да доведе до здравствени проблеми, па меѓу другото, потребно е да се ослободите од дигиталниот замор.

Постојат три едноставни начини да се успее во тоа:

Научете да се исклучувате

Откако ќе завршите, научете да правите дигитална пауза од сите уреди. Наместо тоа, фокусирајте се на нешто во што уживате, како што се читање книга, слушање музика, поминување квалитетно време со најблиските и слично. Водењето таков распоред ќе ви овозможи да имате контрола над вашиот секојдневен живот.

Фокусирајте се на една задача

Мултитаскингот се чини незаменлив во денешниот свет, сепак, неодамнешното истражување спроведено низ целиот свет покажува дека мултитаскингот не е навистина најдобриот начин да се постигне продуктивност. Иако можеби изгледате како професионалец во правење неколку работи одеднаш, во реалноста тоа не е така и вашата продуктивност се намалува. Поради долгото работно време и постојаната употреба на повеќе уреди за извршување на повеќе задачи, тешко е да се концентрирате.

Постојат дури и проблеми со запомнување на задачите што мора да се завршат во текот на денот.

Не заборавајте на реалниот свет

Дигиталниот свет е модерен и можеме да направиме многу со едноставен клик на копче. Но, реалниот, физички свет нè поврзува и носи задоволство, чувство на припадност и меѓусебна поврзаност. И во најфреквентниот распоред за работа, треба да најдете време за физички вежби. Дури и 20-минутна прошетка ќе ги релаксира вашето тело и ум. Исто така, не заборавајте да се дружите со пријателите и да бидете во контакт со нив.

Поврзани вести

10 знаци кои покажуваат дека сте лидер

Влатко Зорба

Сакате да живеете во Монако? Просечната цена за метар квадратен е 47.600 евра

Влатко Зорба

Топ 5 парчиња што секоја деловна жена треба да ги има во својот плакар

Влатко Зорба