СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Се продава Порше на Марадона на аукција

Автомобил Порше во сопственост на фудбалската легенда Диего Марадона беше ставен на аукција со проценка од 180.000 до 240.000 американски долари.

Сребреното Порше 911 му беше доставено на Марадона во ноември 1992 година, кога тој играше за шпанска Севиља во текот на неговата последна сезона во Европа.

По смртта на Аргентинецот на 60-годишна возраст минатата година, реткиот автомобил се нуди за прв пат на продажба како дел од аукцијата на аукциската куќа Bonhams во Париз, која ќе трае од 3 до 10 март.

Според Bonhams, автомобилот развива максимална брзина од 260 км на час и беше еден од само 1.200 произведени во тоа време за две години.

Автомобилот е во сопственост на неговиот сегашен сопственик од 2016 година и има поминато скоро 120.000 км, пишува Си-Ен-Ен Бизнис.

Поршето на Марадона беше претставено во Вихте, Белгија минатиот месец, пред автомобилот да биде ставен на аукција.

Поврзани вести

„Не сте добар водач, ако мислите дека сте најдобри и никој друг не е добар“

Влатко Зорба

Ќе го спасат ли ковид-пасошите туризмот?

Влатко Зорба

Саудиска Арабија гради град со нула јаглерод (ВИДЕО)

Влатко Зорба