Стандард
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Пријави на телефон кршење на работничките права

За поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците, ССМ овозможува по телефонски и електронски пат преку централизирање на својата работа, работниците да можат своите пријави, жалби, барања и сл., да ги доставуваат на телефонскиот број: 070/818-878 како и на мејлот: prijavi@ssm.org.mk по што во најкраток рок ќе се постапува по истите, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

„Покрај директната правна помош и заштита на правата на своето членство, ССМ со своите активности реализирани во овој период на кризата, докажа дека како репрезентативен синдикат во државата се грижи и презема одговорност за остварување на правата на сите работници. Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос, пред се, преку активностите на Секторот за работни односи, правна заштита и колективно договарање при ССМ и соодветните синдикати каде работниците членуваат“, велат оттаму.

Активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 Регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во Синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод , Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).

Активноста се спроведува во рамките на кампањата: ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.

Поврзани вести

За трите пакет економски мерки за борба против Ковид-19, потрошени 194,4 милиони евра

Никола Поповски

За прв пат после 23 години со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан

Што им се исплати најмногу на туристите на Јадранот?