СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нема финансиска пречка за одржувањена локалните избори, вели Бесими

За локалните избори ќе нема финансиска пречка, а во Буџетот има средства за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарско прашање за барањето од Државната изборна комисија за дополнителни средства за набавка на терминали за отпечатоци од прст за локалните избори.

Бесими денеска изјави дека одговорил на писмото од ДИК дека, како што рече, можат да ги спроведат сите постапки, доколку ценат дека можат да стасаат во временскиот рок и дека тоа е изводливо согласно со протоколите да се реализира во текот на оваа година.

– Во однос на прашањето дали се обезбедени средства за Државната изборна комисија јас одговорив на нивното писмо дека можат да ги спроведат сите постапки, доколку ценат дека можат да стигнат во временскиот рок, а исто така доколку сметаат дека согласно со протоколите тоа е изводливо да го реализираат во текот на оваа година. Значи, средства во Буџетот ќе се обезбедат за реализација на целиот проект, односно локалните избори нема да имаат финансиска пречка. Има средства во Буџетот за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот, рече Бесими.

Поврзани вести

Скопје ќе добие „Бас Рапид Транзит“

Влатко Зорба

Скопски пазар со нето добивка од 107.113 илјади денари

Влатко Зорба

Царовска: Нема ништо спорно во исплатата на К-15 предвидена со колективниот договор за администрацијата

Stefanija Kuzmanovska