СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Што вели Гејтс: Kои професии ќе доминираат во иднина?

Луѓето од областа на економијата, науката и инженерството ќе бидат најбарани во овој период, смета деловниот магнат, развивач на софтвер и филантроп Бил Гејтс.

Гејтс, најпознат како коосновач на корпорацијата „Мајкрософт“, вели дека дошол до овој заклучок врз основа на податоците што ги собрал во разни потфати, пренесува „CNBC“.

Луѓето кои ги се разбираат во трите споменати теми погоре, ќе бидат „агенти на промени за сите институции“, истакна Американецот во разговорот со главниот уредник на LinkedIn, Даниел Рот.

– Мислам на основно знаење од наука, математички вештини, економија. Многу кариери во иднина ќе ги бараат тие работи – рече Гејтс.

Коосновачот на „Мајкрософт“ рече дека не треба да се биде експерт за кодирање или за периодичен систем, туку треба да се има таа напредна способност за размислување.

– Не мора да пишувате кодови, но мора да разберете што можат и што не можат да прават инженерите, смета Гејтс, додавајќи дека тие веројатно ќе ја револуционизираат индустријата на сите.

Поврзани вести

Ветување старо еден век: Зошто Белград нема метро скоро 100 години подоцна?

Влатко Зорба

Менхетен доживеа бум на крајот на 2020 година, двојно зголемено изнајмувањето на станови

Влатко Зорба

Само што ќе излезе од дома, веднаш заработува 55.000 евра!

Влатко Зорба