СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Motorola го демонстрира своето безжично полнење од далечина (ВИДЕО)

Xiaomi веќе го објави својот безжичен полнач, кој ги полни уредите од далечина, и се нарекува Mi Air Charge. Сега Motorola ја објавува својата визија за оваа технологија.

Технологијата на Motorola може да ги полни уредите од растојание од еден метар, под услов да нема ништо што стои помеѓу полначот и уредот.

Според она што може да се види на официјалното видео, двата телефони на Motorola Edge (кои веројатно се модифицирани за овој тест) се поставени во вертикална положба 80 см и 100 см оддалечени од полначот. Батериите на телефонот веднаш почнуваат да се полнат, но откако лицето ќе стави рака на полначот, процесот застанува.

Полначот се вика Motorola One Hyper и иако технологијата се базира на Qi стандардот, компанијата истакнува дека тој всушност е подобар. Можно е да се полнат до седум телефони истовремено, но Motorola не објави стапка на полнење.

Поврзани вести

Google Stadia ќе понуди над 100 нови игри во 2021 година

Влатко Зорба

Уште една закана за Виндоус 10: Мајкрософт и Гугл предупредуваат на нови хакерски напади

msp-admin

Која е најсимнуваната апликација по изборниот пораз на Трамп?

msp-admin