Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

iPhone 13 Pro може да има варијанта со 1TB простор за складирање

Само неколку месеци по објавувањето на серијата iPhone 12, почнаа да се појавуваат гласини за следната верзија на телефонот на Apple. Овој пат, новиот извештај сугерира детали за варијантата за складирање податоци за моделите iPhone 13 Pro, кои треба да имаат опции до 1TB.

Според „ITHome“, iPhone 13 Pro може да има простор за складирање до 1TB. За споредба, моделите на iPhone 12 Pro доаѓаат со максимум 512 GB вградена меморија. Последен пат компанијата со седиште во Купертино двојно го зголеми просторот за складирање кај моделот iPhone XS, кој имаше 512 GB варијанта.

Покрај ова, се сугерира дека серијата iPhone 13 ќе има поддршка за Wi-Fi 6E и интегриран TouchID. Стандардните модели на iPhone 13 и мини моделите треба да користат LTPS дисплеи, додека Pro моделите треба да имаат LTPO дисплеи.

Поврзани вести

Фејсбук сопственик на 4-те најпопуларни апликации за Андроид и iOS

msp-admin

Huawei ќе го претстави Mate X2 на крајот на февруари

Влатко Зорба

Вселенската агенција бара испитаници кои ќе лежат во када пет дена

msp-admin