СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Изгаснат најопасниот малвер ботнет на светот

Соработката на Европол и Европравда со полицијата на Холандија, Германија, САД, Велика Британија, Франција, Литванија, Канада и Украина резултираше во успешно исклучување на моментално најопасната ботнет мрежа, која дистрибуираше опасен малициозен софтвер, наречена Емотет.

Активен од 2014 година, со текот на годините Емотет стана главно решение за дистрибуција на тројанци и рансомвер во светот, користени од најозлогласените криминални групи. Преку овој ботнет, тие имаа можност да испратат голем број на заразени документи и оние што ќе го вметнат производствениот код на компјутерите на жртвите.

Емотет, исто така, може да биде „ангажиран“ да работи валкана работа, како што е испраќање на електронски пораки за фишинг и слична содржина.

Нивната инфраструктура се состоеше од неколку стотици сервери распоредени низ целиот свет, така што операциите за враќање и исклучување беа доста комплексни и потребна беше координација на голем број учесници. На крајот на краиштата, мрежата Емотет е срушена „одвнатре“, велат од Еуропол, преку уникатен нов пристап што служеше за попречување на криминалците во нивната „деловна активност“. Деталите за тој пристап не беа разјаснети.

Сепак, акцијата за уништување на ваков значаен извор на малициозен софтвер веќе се смета за една од најголемите и најзначајните операции спроведени подолго време, која е подготвувана повеќе од две години. Компјутерите заразени со малициозен софтвер од Емотет сега се пренасочени кон инфраструктурата контролирана од Европол и партнерите, така што криминалците веќе не можат да пристапуваат до заразените компјутери на нивните жртви или да започнат нови кампањи за злонамерна содржина.

Истрагата поврзана со Емотет, како и лицата кои управувале со неа, сè уште трае.

Поврзани вести

Епл потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот „Икснор“

msp-admin

Google подготвува полесен метод за споделување лозинки за Wi-Fi во Android 12

Влатко Зорба

Facebook ги блокира профилите на корисниците, кои известуваат за лажни сметки и спамери

msp-admin