СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Chrome го направи сурфањето на Интернет многу побезбедно

Најпопуларниот светски прелистувач Google Chrome, покрај решавањето на проблемот со прекумерна употреба на меморијата, воведува и друго решение кое значително ќе придонесе за безбедноста на корисникот.

Од првата стабилна верзија, Chrome автоматски ќе ги префрли сите Интернет адреси внесени во лентата за адреси на тој Интернет прелистувач на HTTPS како стандарден протокол.

Просечните корисници ретко внесуваат „http: //“ или „https: //“ пред основната веб-адреса. Досега, Chrome обично го „избираше“ HTTP како стандарден протокол, бидејќи поголемиот дел од мрежата не поддржуваше HTTPS.

Сепак, од следната верзија, Chrome автоматски ќе постави HTTPS, кога корисникот ќе ја внесе основната адреса на веб-страницата.

Новата опција сè уште се тестира, а на корисниците треба да им биде достапна со ажурирање на верзијата 90, чиешто излегување е закажано за 13 април. Адресите на оние страници што сè уште не го поддржуваат HTTPS протоколот, Chrome автоматски ќе се врати на HTTP.

Воведувајќи автоматско вклучување на новиот протокол, Google Chrome ќе го забрза вчитувањето на страниците што поддржуваат HTTPS и ќе може да ги заштити корисниците од напаѓачи кои се обидуваат да го пресретнат нивниот некриптиран веб сообраќај.

Поврзани вести

ВИДЕО покажува како се променил Android во последните 20 години

msp-admin

Apple можеби подготвува 15 инчен MacBook Air

Влатко Зорба

Neon – „вештачките луѓе“ на Samsung

msp-admin