СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Хеликоптер на тлото на Марс (ВИДЕО)

Хеликоптерот на НАСА слета на тлото на планетата Марс, откако го напушти мајчиниот брод, односно роверот „Perseverans“, објави вселенската агенција во саботата вечерта.

Според светските медиуми, хеликоптерот треба да го изврши својот прв лет на 11 април.

– Потврдено слетувањето на #MarsHelicopter! Патувањето од 471 милиони километри заврши со денешно спуштање од 10 см од роверот до површината на Марс – се наведува на официјалниот Твитер профил на „НАСА“.

– Следен успех? Да ја ​​преживее ноќта – се додава во пораката.

Малиот хеликоптер „Ingenuity“, тежок 1,8 килограми, треба да достигне висина од околу три метри во текот на летот, да остане на едно место околу триесет секунди, да се сврти и да се врати на тлото.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и може да проба уште неколку летови за околу еден месец, пркосејќи им на екстремните услови на Марс: температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.

Роверот „Perservance“, кој е тежок околу еден тон и е со големина на мал автомобил, слета на Марс во февруари по 480 милиони километри патување низ вселената, кое траеше скоро седум месеци.

Главната цел на двегодишната мисија на „Perservance“ е потрагата по микробиолошки живот, кој можеби постоел на Марс пред три милијарди години, приближно во времето кога настанал животот на Земјата.

Поврзани вести

Робот пее и свири во Дубиоза Колектив (ВИДЕО)

Влатко Зорба

WhatsApp изгуби милиони корисници

Влатко Зорба

Вкупното време поминато во играње на Fortnite подолго од постоењето на човечкиот вид

msp-admin