СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft Surface Duo – паметен телефон со два екрани и Android (ВИДЕО)

Не очекувавме Microsoft да лансира нови уреди во категоријата паметни телефони по неуспехот на својата мобилна стратегија, но компанијата одлучи да нè демантира со објавување на Surface Duo.

Уредот работи со Android со модифициран интерфејс за да изгледа како Windows 10X во поголемиот модел, и има два дисплеи слично на ZTE Axon M, но не очекувајте да купите еден во скоро време затоа што ќе се најде на пазарот за време на празниците на крајот на 2020 година. Точно така, дури по една година.

Уредот има дизајн, кој изгледа слично на претставениот денес Surface Neo, но има помали и покомпактни големини за полесно влегување во џеб. Surface Duo доаѓа со два дисплеи од 5,6-инчи кои можат да се ротираат 360 степени, така што лесно може да се претворат во мал таблет со екран од 8,3-инчи. Врз двата дисплеи можат да работат две одделни апликации, а исто така е можно при вртење на вториот дисплеј да се претвори во тастатура или контролер за игри.

Според „Wired“, Surface Duo користи чипсет Snapdragon 855, а некои елементи од дизајнот сè уште не се финализирани – на пример, дали ќе има задна камера или не. Чипсетите исто така може да се менуваат за една година. Во меѓувреме, компанијата сака да им даде на програмерите многу време за да подготват софтвер, кој ќе се користи на двата дисплеи.

Поврзани вести

Закерберг најави дека очекува во следните десет години околу 50 отсто од вработените во компанијата да работат од дома

msp-admin

Microsoft ќе понуди почести надградби за Edge

Влатко Зорба

Huawei објави кои модели ќе ја добијат верзијата EMUI 11 на македонскиот пазар

msp-admin