Различни индустрии поставуваат различни правила кога станува збор за облекувањето и однесувањето на работното место, но има некои универзални дрес-кодови кои можат да ви помогнат.
Вработените жени знаат колку е тешко да се биде секогаш дотеран, во високи потпетици, во тесни, елегантни фустани, иако се менува и бизнис култура. Особено што се појави пандемијата на коронавирус.
Милиони вработени се префрлија на работа од дома, со што се запре продажбата на класични костуми за мажи, односно деловни костуми за жени, и се зголеми набавката на пижами и тренерки.
Сепак, без оглед на тоа, секоја деловна жена треба да ги има овие 5 парчиња во својот гардеробер, кои може лесно да ги комбинира и прилагоди на секоја ситуација.
На прво место е мал црн „коктел“ фустан, погоден за состаноци во текот на денот, но и за вечери организирани од компанијата. Ова е безвременско парче облека, лесно се вклопува во сите модни идеи.
Исто така, неколку сериозни состаноци можат да поминат без струкиран блејзер, нели? Но, иако честопати го врзуваме за банки или строго деловни простории, ова парче облека, всушност, може добро да се вклопи во секојдневниот стил, како што се фармерки, патики и бела кошула.
Мултифункционален шал може дополнително да ја „зачини“ вашата комбинација на облека, дури и подобра од парче накит. Изберете светли бои, така што овој додаток ќе ве „отвори“. Може да го носите преку рамената или околу вратот, како марама.
Добро парче накит, на пример, обетки од бело злато или нараквици, кажува многу за жената што ги носи. Избегнувајте сè што е нападно, големо, шарено, особено ако имате важни состаноци. Бисерен ѓердан е исто така секогаш убав избор, исто како елегантен часовник.
Последно, но не и последно, е квалитетна женска торба. Идеално, овој додаток треба да биде естетски убав, но и функционален, бидејќи ви треба за работа. Значи, изберете соодветна големина и традиционални бои како што се беж, црна, драп, бордо.