СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Air Serbia почнува да лета на 21 мај кон четири европски дестинации

Српската авиокомпанија Air Serbia објави дека од 21-ви мај ќе ги врати летовите на ограничен број дестинации, кон Лондон, Цирих, Франкфурт и Виена, и дека овие летови ќе бидат редовни.

“Сè е подготвено, од следната недела нашите авиони ќе продолжат со редовен патнички сообраќај кон Лондон, Виена, Цирих и Франкфурт“, изјави Никола Вукомановиќ од Air Serbia.

Тој додаде дека бројот на неделни летови ќе зависи од побарувачката на патниците, но и од ограничувањата на регулаторните тела во земјите кон кои лета Air Serbia.

Според објавениот распоред на летови за периодот од 21-ви мај до 14-ти јуни, објавен на веб-страницата на Air Serbia, може да се види дека летовите кон земјите од регионот ќе започнат од први јуни, пишува Danas.rs.

Според објавениот распоред, од први јуни Air Serbia ќе лета кон Подгорица и Тиват, од четврти јуни за Сараево, од петти јуни за Бања Лука и Љубљана, а од седми јуни за Скопје.

Поврзани вести

Обуки за интегритет и заштита од корупција во бизнис секторот

Александар Петровски

Повеќе од 1.100 македонски стопанственици биле вакцинирани во рамки на акцијата која ја организираше СКСК

Влатко Зорба

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Влатко Зорба