СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЈП Водовод и канализација: Без провизија, наплатата на фактурите да се врши по електронски пат

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја како и препораките и забраните на владата и Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, ја известува јавноста за следните промени во работниот процес, соопшти Водовод.

– Наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија. Регистрираните електронски корисници, преку својот профил и нерегистрирани корисници, преку опцијата БРЗО ПЛАЌАЊЕ на  www.vodovod-skopje.com.mk. Сите оние кои имаат пристап до електронско плаќање, можат да извршат уплата и за друг корисник.

Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работи само затворениот шалтер за наплата со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 18 часот и сабота од 9 до 14 часот, со намален број на вработени.

Наплатниот пункт во Сарај, нема да работи.

Се минимализираат теренските активности, освен во случај на дефект или во специфични ситуации.

Ги повикуваме корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратат на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

02 3240 300, Дирекција

kontakt@vodovod-skopje.com.mk

https://vodovod-skopje.com.mk/

https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/

Поврзани вести

Во Европа постепено почнува производството на автомобили

Девалвација на повеќе странски валути по падот на цената нафтата

Stefanija Kuzmanovska

МИС-КОМЕРЦ доби тендер од 537 илјади евра од ЕСМ за ангажирање помошна механизација

Влатко Зорба