СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржаа работен состанок со менаџментот на берзата на Атина, „Атхекс груп”, која го поддржува работењето на грчкиот пазар на капитал.

На средбата се дискутираше за предизвиците и можностите за развој на заеднички проекти од регионално значење. Премиерот Заев нагласи дека заеднички вложувања и инвестиции се од особена важност за економскиот просперитет.

На средбата беше истакнато дека пазарот на капитал е важен дел од економското функционирање на земјите и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи истакнаа дека државата гарантира и обезбедува пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите.

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Атинската берза има традиција на постоење од 1876 година, тргуваат големи и средни компании кои имаат потенцијал за раст.

Поврзани вести

Битиќи: Отвораме стратешки прашања со коморите кои не се отворени повеќе од 10 години

Влатко Зорба

БАУЕР доби речиси 565 илјади евра за втората фаза за изградбата на покриен градски пазар во Велес

Влатко Зорба

Јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Stefanija Kuzmanovska