СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловиќ: Ја искористив поддршката која ја дава државата со субвенции и „зелена нафта“

И покрај сушната есен, земјоделецот Антонио Ангеловиќ успешно ја заврши сеидба на пченицата и јачменот и житните посеви веќе ја разеленија околината на Лозово.

-Па да проблемот со сушата беше многу голем, ама и покрај тоа со современа механизација успеавме да посееме 400 хектари со житарица од кои основно семе пченица 50 хектари и јачмен основно 105 хектари. Се одлучив годинава да посеам и семенска пченица за да имам квалитетно производство, а и за другите колеги земјоделци да имаат добро семе и повисок принос. Оставив и 50 хектари за сончоглед за проектот договорно производство со фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес – вели Ангеловиќ за Агротим и додава дека субвенциите ги земал навреме, а особено му помогнала картичката за „зелена нафта“.

Поврзани вести

Намалена затезна и казнена камата ќе се плаќа и 60 дена по вонредната состојба

Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Фирма со двајца вработени зела кредит од 670 илјади евра од Еуростандард

Влатко Зорба