СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими – Бјерде: Заздравување на економскиот раст преку „План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст“

„Министерството за финансии работи на План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст, кој има за цел да ги соедини сите иницијативи, планови и алоцирани фондови на Владата и меѓународните финансиски партнери за реализација на капитални проекти за овој период. Целта на овој документ е да дизајнира иновативни начини за спроведување на јавните инвестиции, користејќи ги достапните фондови од официјалните кредитори за мобилизирање на приватните инвестиции. Со ова ќе се придонесе кон неколкукратно зголемување на инвестициите, а воедно и спроведување на фискалната консолидација“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на состанокот со Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија и Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан, одржан во рамки на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

„Овој план ќе има значајна улога врз економскиот раст и врз креирањето нови работни места, не само преку јавните финансии, туку и преку мобилизирање на капиталот од приватниот сектор. Очекувањата се преку овој план да се овозможи забрзување на економскиот раст на 5 проценти просечен годишен раст до 2025 година, постепена фискална консолидација на јавниот долг и на буџетскиот дефицит, зголемување на инвестициите во јавниот сектор и зголемување на инвестициите на приватниот сектор“, истакна Бесими.

Зајакнувањето на приватните инвестиции, како што информира Бесими, ќе биде поддржано преку развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантен фонд, еквити фондови, фонд за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. Се планираат јавни приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање на јавни капитални проекти, но и проекти на приватниот сектор. Тоа ќе бидат проекти коишто се наведени во рамките на Националниот инвестициски комитет (НИК), како и нови проекти, коишто можат да произлезат како иницијативи од јавниот или приватниот сектор.

Преку овие нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, треба да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за периодот 2021-2025, ќе се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, неколкукратно ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ, како и кон креирањето нови работни места.

На состанокот со потпретседателката на Светска банка, се дискутираше и за четиригодишната Рамка за соработка на земјава со Светска банка.

Министерот информираше дека законите поврзани со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Проектот за унапредување на основното образование, коишто се дел од четиригодишната рамка, се усвоени од Собранието и може да се потпишат договори и да се започне со нивна реализација. Како што беше посочено, потпишувањето на договорите се очекува да се случи наскоро.

Поврзани вести

Македонија одвојува 1,1 милиони евра за нови линии

Влатко Зорба

ОЈО го истражува стечајот на Еуростандард банка

Берта Китинска

Лукаревска: Компаниите имаат законска обврска да ја исплатат државната помош, во спротивно следуваат санкции

Влатко Зорба