СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари

 Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Амазон, соопшти Форбс.

Пазарната капитализација на „Амазон“ достигна 1,52 трилиони долари. Така, Безос, кој поседува 11,1 отсто од акциите на онлајн трговијата на мало, надмина 181,5 милијарди американски долари. Форбс потенцира дека ова е рекорд за сите времиња од почетокот на статистиката.

Во април, Форбс третпат по ред го постави Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. Неговото богатство тогаш беше проценето на околу 113 милијарди американски долари.

Второто место му припадна на еден од основачите на корпорацијата Мајкрософт, Бил Гејтс, со 98 милијарди долари. Главниот извршен директор на француската група компании ЛВМХ – Луи Витон Мот Хенеси, Бернард Арно се искачи на третото место со своите 76 милијарди долари.

Компанијата „Амазон“, која продава стоки и услуги преку Интернет, е основана од Безос во САД во 1994 година. 

Поврзани вести

Што е во фокусот на петгодишната Стратегија за реформа на даночниот систем

Влатко Зорба

Укажуваме дека ако платите се покачуваат без да се зголемува продуктивноста може да се јави проблем

Stefanija Kuzmanovska

Путин: Русија и глобалната енергетска индустрија се соочуваат со силни шокови

Stefanija Kuzmanovska