СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бројот на домашните туристи е намален за 4,8, а на странските за 94,9 отсто

Државниот завод за статистика во јули годинава евидентирал 75 591 туристи кои оствариле 436 180 ноќевања.

Бројот на туристите во однос на јули 2019 година, е намален за 56 проценти, а на ноќевањата за 36.1 отсто.

Бројот на домашните туристи е намален за 4.8, а на странските за 94.9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6.3, а на ноќевањата на странските туристи за 93.4 %.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67.4 проценти, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.9, а кај странските за 79.6 %. Бројот на ноќевањата, пак, е намален за 56.6 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 30.8, а кај странските за 80.3 проценти.

Поврзани вести

Вработените во „Пејпар мил“ ќе „одмараат“ до април, платата ќе им се намали за 30 отсто

Влатко Зорба

Светска банка: Западен Балкан мора да го сопре задолжувањето

Stefanija Kuzmanovska

Голем интерес во Тетово за мерката 113 – млад земјоделец од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Никола Поповски