СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ИЦС-СИСТЕМИ доби тендер од речиси 630 илјади евра за осветлување на Валандово

ИЦС-СИСТЕМИ Р.Чешка- Подружница во Република Македонија, Охрид го доби тендерот вреден 38,717,609 денари или 629,555 евра за „воспоставување на јавно приватно партнерство по ЕСКО модел за давање на услуги за јавното осветлување во Општина Валандово“.

На страната на е-набавки стои дека Предмет на огласот е доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги за јавно осветлување во Општина Валандово, кое се остварува како јавна набавка на услуга со што ќе се реконструира системот за јавно осветлување со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија и намалување на трошоците на Договорниот орган за јавно осветлување.

Основен предмет на јавната набавка се „Електрични машини, апарати, опрема и потрошен материјал; осветлување“.

Највисока добиена понуда 3 31.227.133,68 денари, додека најниска е 7.824.677,82.

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска – Тао Жанг: Соработката меѓу Народната банка и ММФ на високо ниво

Влатко Зорба

Заев ветува минимална плата од 20 илјади денари и нов закон за работни односи

Берта Китинска

Поскапуваат дизелот и бензините!

Влатко Зорба