СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царовска: Соработката помеѓу Владата, коморите и синдикатите е клучна во креирање на ефективни економски политики

Ова го истакала вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и претставници на организациите на работодавачи.

Царовска, како што соопшти владината прес-служба, посочила дека досегашната соработка е на многу високо ниво, како и дека очекува во иднина уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на бруто домашниот производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани.

-Во изминатите две и пол години, како никогаш претходно, Владата успешно соработува со коморите, синдикатите и организациите на работодавачи и како резултат на таа блиска соработка донесени се решенија со кои се задоволуваат интересите на сите засегнати страни: работниците, компаниите и државата. Како пример го имаме Законот за минимална плата, која со заеднички консензус определвме сега да изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во односн на 9.050 денари, колку што изнесуваше минималната плата на почетокот на мандатот. Мора да се истакне и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, преку кој во 2018 година, за првпат се овозможи поддршка на домашните компании, преку транспарентни и јасни критериуми кои важат за сите компании подеднакво, а со кој веќе се поддржани околу 200 компании, истакнала Царовска.

Вицепремиерката посочила дека во изминатите две и пол години, активно се работеше и на креирање на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот преку Оперативниот план кој го спроведува Агенцијата за вработување, кои пред се ги задоволуваат потребите на компаниите и реалните потреби на пазарот на трудот.

-Оперативните планови за 2018 и 2019 година се креирани исклучиво за реалните потреби на пазарот на трудот, а пред нивното донесување претходеа широки консултации со сите засегнати страни за да се направат мерки кои навистина ќе бидат за потребите на стопанството и невработените лица. Во 2019 година од буџетот издвоивме рекорден износ од 1,3 милијарди евра за Оперативниот план што е за 33 отсто повисок износ од 2018 година или за 83 отсто повисок износ од 2016 година. Преку Оперативниот план за 2019 година, поддржани се 1.300 микро бизниси, овозможени се обуки и преквалификации за околу 1.670 лица, додека со мерката пракиканство се опфатени 1.700 лица, што претставува вистинска поддршка и за самите компании и за невработените. Со новиот оперативен план за програми и мерки за вработување продолжуваме да спроведуваме активности кои ќе влијаат на намалувањето на невработеноста во државата, со поддршка на самовработувањето, но и преку обуки и преквалификации со кои ќе се задоволат понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на трудот, истакнала вицепремиерката Царовска.

Поврзани вести

Со 46,5 милиони евра од Светска банка – поголема енергетска ефикасност во јавен сектор и подобро основно образование

Кодфлер станува дел од глобалната дигитална агенција Валтек

Влатко Зорба

Колку часови треба да работат Македонците, за да наполнат еден резервоар гориво?

Влатко Зорба