СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димковски: Градењето партнерски однос е особено важно за стабилен пласман на производството

Градењето партнерски однос е особено важно за стабилен пласман на производството, порачаа од денешната средба во Василево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, производителите на вишни и откупувачите.

Димковски кој ги посети општините Карбинци и Василево, оствари средби и со градоначалниците Јордан Насев и Марјан Јанев.

-Во моментов, бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор меѓу земјоделците производители на вишни и откупувачите, истакна министерот, кој заедно со Насев беше и во компанијата „Фруктана” што откупува и преработува вишни, друго овошје и зеленчук.

Се разговараше за плановите на компанијата за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции преку мерките од ИПАРД 2 програмата.

Димковски со градоначалникот Јанев на средбата со дел од откупувачите и преработувачите на вишни, како и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево, ги слушнааа предлозите на земјоделците за начинот на годинашниот откуп и за откупната цена.

За непречен откуп на вишни, МЗШВ, рече Димковски, ќе организира заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

Министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг како и за сите мерки кои ги превзема МЗШВ за справување со последиците од КОВИД – 19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30 отсто на 50 проценти. Димковски ги информираше земјоделците и за обезбедената поддршка од 10.000 евра за стартап семејни бизниси и за други мерки од доменот на работењето на МЗШВ.

Поврзани вести

Имаме стандарди за маркетинг на пазарот за овошје, но недостасува спроведување на истите

msp-admin

РКЕ повикува да се достават приговори, aко сметките за струја ви се високи

Берта Китинска

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски