СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Дуинг бизнис“ ќе ги оценува и државните тендери

До година во рејтингот „Дуинг бизнис“ на Светската банка (СБ) ќе се појави нов индикатор за оценка на процедурите за државни тендери, соопшти Банката.

Ќе се оценува транспарентноста на процедурите и пристапот на малиот и среден бизнис до државните тендери. Пилот оценување веќе било спроведено во 78 земји. Воведување на таков показател се разгледувало од поодамна, уште од 2016 година, но досега индикаторот сепак не бил вклучен во рејтингот на СБ.

Република Северна Македонија во рејтингот „Дуинг бизнис“ годинава се најде на високо 17-то место, а во 2018 беше на десетто. Од Светската банка потврдија дека падот од седум места е поради променатата методологија на оценување.

Нашата земја засега останува помеѓу дваесетте најдобри светски дестинации за водење бизнис, и е прва во регионот, пред такви земји како Турција, Грција, Словенија, Србија, Црна Гора, или Хрватска.

Поврзани вести

Тодевски: Лицата кои имаат побарувања од Еуростандард банка да ги пријават најдоцна до 7 септември

Берта Китинска

Занаетчиската комора изрази загриженост поради доцнењето на петтиот пакет мерки

Влатко Зорба

НУК: Ја поздравуваме одлуката за продолжување на субвенција за плати за вработените во угостителската индустрија

Влатко Зорба