СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кабинет на Битиќи: Недела неработен ден е реалност, моделот на имплементација треба да ги заштити сите чинители во општеството

„Владината мерка за недела-неработен ден ќе се преточи во законско решение и тоа во најскоро време – тоа е ветување што Владата го стави како приоритет во владината програма и истото ќе се оствари. Примената на законското решение ќе биде во согласност со сите социјални партнери а ќе бидат земени во предвид сите фактори кои се дел од функционирањето на економијата во нашата држава – во тоа спаѓаат и веќе зацртаните планови за буџетирање на компаниите од приватниот сектор како и на институциите од јавниот сектор“, соопштија од Кабинетот на Фатмир Битиќи во врска со денес одржаната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, а кое се однесува на „Недела – неработен ден”..

„Работниците и работничките кои ќе работат кај работодавачите кои ќе функционираат и во недела ќе добиваат зголемен надоместок за работа во недела, што значи и дека буџетите на фирмите ќе претрпат измени, а за да не дојде до краткорочни промени во бројот на вработените поради зголемување на овие надоместоци кај работодавачите, сепак треба да се даде простор за реорганизација и планирање со стартен период од новата календарска година, т.е. 2022. Владата мора да ги земе предвид сите општествени фактори, како фактот дека во оваа календарска година се уште се справуваме со последиците предизвикани од Ковид кризата.

За возврат се разгледуваат и предлозите на синдикатите каде се бараат одредени отстапки во валоризацијата на механизмот „работа во недела” кои ќе бидат поповолни за работниците и работничките. Владата цврсто верува во социјалниот дијалог и само преку заеднички договор ќе дојдеме до конечното решение, а тоа ќе значи попродуктивна работна сила, фер валоризација на трудот на работничките и работниците и работодавачи кои веруваат во прогрес и развој. Денешната средба со стопанските комори беше предвидена за дискусија за Измените и дополните во Законот за данок на имот и кратка консултација за одредени теми вклучувајќи го и делот за „недела неработен ден”, а дијалогот меѓу социјалните партнери (Владата, синдикатите и работодавачите) ќе се одвива преку седниците на Економско-социјалниот совет“, се додава во соопштението.

Поврзани вести

В’лканов: Со инвестиција од над 20 милиони до производство на преку 2.500 тони концентрат месечно во „Злетово” и „Тораница”

Влатко Зорба

Заев: Законите од петтиот пакет економски мерки ќе бидат изгласани во наредните денови

Влатко Зорба

НБ: Ширењето лаги и дезинформации ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети

Влатко Зорба