СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Фолксваген продолжува со производство во Германија и Словачка

Германскиот производител на автомобили Фолксваген, соопшти дека следната недела продолжува со производство на погони за патнички возила во Европа.

Првата фабрика, со седиште во Волфсбург, ќе започне со работа во Германија и Словенија.

Останатите фабрики на Фолксваген во САД, Португалија, Шпанија и Русија ќе продолжат со работа по 27 април.

Фабриките во Јужна Африка, Аргентина, Бразил и Мексико ќе започнат со работа во мај.

Голем број од фабриките во Кина веќе продолжија со работа.

Брендот на Фолксваген, Ауди почна со ограничено производство на мотори во Унгарија, но главниот погон во оваа држава се уште не е отворен.

Главниот извршен директор на Фолксваген, Ралф Брандстатер истакна дека различните одлуки на владите за укинување на мерките воведени за спречување на вирусот влијаат на постепеното отворање на фабриките и додаде дека компанијата развила мерки за заштита на здравјето на вработените.

Поврзани вести

Три групи работници најпогодени од корона-кризата

Влатко Зорба

На 11.954 работодавачи им е исплатена финансиска поддршка за исплата на плата во октомври

msp-admin

САД се најголемиот извозник на оружје во светот, Русите запишаа голем пад

Влатко Зорба