СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Илон Маск со само еден твит за ривалот на Биткоин ја зголеми неговата вредност за 20 отсто

Нешто што започна како шега, како пародија на тема криптовалути инспирирани од „мемињата“, прерасна во вистинска криптовалута, а откако оваа валута стана тема на твитовите на Илон Маск, нејзината вредност скокна за 20%. Првиот човек на Тесла вчера се шегуваше на Твитер со Биткоинот, па во еден момент извика „ Dogecoin “, пишувајќи „Еден збор: Doge “ на твитот.

Овој твит ја зголеми вредноста на dogecoin за 20 проценти и го вклучи во најбараните термини на Твитер. Технолошкиот милијардер отиде чекор подалеку, па во својата биографија на оваа социјална мрежа додаде дека тој е и поранешен директор на Dogecoin, пишува Си-Ен-Ен. Маск твитна за dogecoin откако биткоинот ја достигна највисоката вредност досега, достигнувајќи 24.000 американски долари.

Ова не е првпат Маск да твитува за dogecoin. Истото го стори во јули, кога ги напиша зборовите „Неизбежно е“, со слика на куче што ја претставува оваа криптовалута, која се надвиснува над целиот финансиски систем. Твитот тогаш ја зголеми вредноста на валутата за 14 проценти.

„Dogecoin“ е создаден во 2014 година како пародија на познатата „doge“, која вклучувала слика на куче од расата кучиња шиба ину. Иако оваа виртуелна паричка е создадена како шега, нејзината сегашна вредност е 570 милиони долари.

Поврзани вести

Тасева: Легализација на капиталот покажува дека некаде има скриени „пари под перница“

Берта Китинска

Бектеши: Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата

Никола Поповски

Заев: Повеќе од 30% од произведената енергија е од обновливи извори – блиску сме до европскиот просек

Влатко Зорба