СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МИС-КОМЕРЦ доби тендер од 537 илјади евра од ЕСМ за ангажирање помошна механизација

Друштво за производство, трговија,услуги и транспорт МИС-КОМЕРЦ Митко ДООЕЛ експорт-импорт Скопје го доби тендерот вреден 537 илјади евра (33,040,000 денари) од Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на С.Македонија, во државна сопственост, Скопје, за Ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници и ТЕ (втор пат) (РЕК Осломеј).

Според достапните податоци на Електронскиот систем за Јавни набавки, механизацијата која се бараме би се користела во рудникот за планирање пред багерите, за транспорт на рударските постројки, дооформување на БТО -2 систем и ставање на истиот во функција.

„Но најмногу би ја користеле за утовар и транспорт на јаглен од стар рудник каде планираме да се утоварат и транспорт на околу 100.000 тони јаглен. Механизацијата би ја користеле за средување на просторот од втора фаза на фотоволтаична централа како и за влез во усек на отварање на локалитетот Гуштерица“, велат од Електрани.

Поврзани вести

Пристап до интернет преку мобилна мрежа имаат 1 348 663 претплатници

Влатко Зорба

ПИОМ: 1.800 пензионери во Македонија примаат пензија подолго од 40 години

Влатко Зорба

Спасовски: Банкарскиот систем кој е најстабилен, ќе мора да носи дел од товарот

Берта Китинска