СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Виена подарува по 50 евра на семејства да одат во ресторан

Јадење и пиење на сметка на јавниот сектор? Ова наскоро ќе биде можно во Виена. Од средината на јуни, секое домаќинство ќе добие ваучер до 50 евра од градската власт. Целта е да се поддржи гастрономијата, која беше погодена сериозно од кризата со коронавирус, изјави градоначалникот на австриската престолнина, Михаел Лудвиг. Рестораните во земјава повторно ќе бидат отворени во петок, објави веб-страницата „ое24“.

Понудата може да ја користат сите 950.000 домаќинства со постојан престој во Виена, објасни градоначалникот. Едночлено домаќинство ќе добие ваучер во вредност од 25 евра, а доколку домаќинството го сочинуваат повеќе лица – ваучер за 50 евра. Тие можат да се користат во сите ресторани и кафулиња кои учествуваат во акцијата, до крајот на септември. Идејата има еден недостаток – за оваа сума не можете да консумирате алкохол.

Кампањата започнува кон средината на јуни и ќе го чини градскиот буџет 40 милиони евра.

„Да, можеме да си го дозволиме тоа“, рече градоначалникот Лудвиг.

Според него, угостителските установи се справиле добро во последните неколку години за да можат во тешки времиња да ги користат потребните средства. Во градот има 6.000 места за хранење со околу 60.000 вработени, кон кои се додадени и околу 3.000 кафулиња.

Виенската гастрономија реализира околу 1,4 милијарди евра годишно. Со ваучерите, виенскиот народ ќе биде стимулиран да ги посетува „своите“ кафулиња, ресторани и гостилници, со што „ќе ги поддржат“ во тешка ситуација.

Поврзани вести

САД конечно добија „Лидл“, купувачите шокирани (ВИДЕО)

Имаме стандарди за маркетинг на пазарот за овошје, но недостасува спроведување на истите

msp-admin

Бектеши: Финансиска поддршка за компании кои беа храбри и инвестираа во време на коронакризата