23.8 C
Скопје
17 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Како до успешен е-бизнис за жени претприемачи во организација на Министерството за финансии

Патеката до инклузивна дигитална економија: како да изградите успешен е-бизнис за жени претприемачи” е темата на регионалниот настан што ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за финансии,  UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development и Асоцијацијата за е-трговија.

На настанот ќе учествуваат 50 жени од земјава и регионот кои имаат свој е-бизнис или работат во областа на дигиталниот бизнис, а целта е да им се помогне на жените – дигитални претприемачи да се развиваат и да можат да влијаат врз креирањето политики во соодветните области.

Најавени се обраќања на министерката за финансии Нина Ангеловска, како и на Кендас Нкот Бисек од Обедитетите Нации, лидерот на иницијативата наречена „eTrade for Women”.

Утре, според програмата, треба да се одржи панел дискусија.

Поврзани вести

МФ ќе ги усогласува стандардите на ЕУ околу штетноста на хартијата на фискалните сметки

Со уредба продолжен рокот во кој ќе се менуваат договорните услови на кредитите за 90 дена по вонредната состојба

МИСТ ЕНЕРЏИ го доби тендерот вреден 500.000 евра за набавка на струја за Собранието

Влатко Зорба