Стандард
КОМПАНИИ

ARM ја обнови работата со Huawei

Британската компанија ARM, која се занимава со дизајнирање на чипови, ќе продолжи да лиценцира и да обезбеди технологии на Huawei. Ова е можно затоа што нејзиното правно одделение утврди дека нејзините производи потекнуваат од Велика Британија и со тоа не ги кршат санкциите наметнати на Кинезите од страна на Соединетите држави. Huawei се потпира на ARM технологиите за да изгради свои процесори и чипсети.

Во мај Британците, кои се во сопственост на јапонската SoftBank, ги прекинаа односите со Huawei по забраната од САД за американските компании да тргуваат со Huawei, затоа што тие веруваа дека развојот на чипови вклучува технологија, со потекло од САД. Сепак, ова не е случај. ARM е еден од главните партнери на филијалата за производство на чипови на Huawei HiSilicon. Голем дел од мобилните чипсети Kirin користат ARM технологија, а сегашниот развој ќе му помогне на Huawei во одреден степен да го намали влијанието на санкциите на САД врз своето работење.

Според ARM, нејзините v8 и v9 архитектури потекнуваат од Велика Британија, што значи дека Huawei може да има пристап до нив, но не е јасно во оваа фаза дали идните технологии ќе бидат погодени од забраните. Потсетуваме дека на почетокот на месецот се појавија информации дека САД почнуваат да даваат лиценци на американски компании за работа со Huawei. Сепак, досега нема нова потврда дека тоа всушност се случува.

Поврзани вести

eBay подготвен да прифаќа криптовалути

Huawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението

Влатко Зорба

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin