СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пад на заработката на „Амазон“ за прв пат од 2017 година, Безос веќе не е најбогат човек во светот

Основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос синоќа ја изгуби ласкавата титула на најбогат човек во светот. Според „Блумберг“, откако падна вредноста на акциите на гигантот за Интернет-трговиј, Бил Гејтс ја презел круната на Безос. Гејтс во моментов е пет милијарди долари „потежок“ од Безос.

Акциите на „Амазон“ паднаа за повеќе од осум проценти како резултат на пониската заработка на компанијата, која бележи пад на профитот за прв пат од почетокот на 2017 година.

Нето приходот во третиот квартал од оваа година е намален на 2,1 милијарди долари, што е намалување во однос на истиот период лани, кога изнесуваше 2,9 милијарди.

Аналитичарите за лошите деловни резултати го обвинуваат доставувањето пакети од магацин до влезот на клиентот во истиот ден, што ги зголемува трошоците за компанијата. Оперативните трошоци беа повисоки за 26 проценти, додека трошоците за испорака скокнаа за неверојатни 46% на 9,6 милијарди долари. Во овој квартал, односно во период полн со празници и попусти, овие трошоци ќе бидат проценети на 1,5 милијарди долари.

Основачот на „Амазон“, уште при пуштање на акциите на компанијата на берза вети дека ќе прави само долгорочни инвестиции, а ова е всушност доказ дека тој се задржува на својот став, односно дека нема проблем да издржи краткорочни проблеми со цел да ја направи својата компанија уште поуспешна. Така Безос, поради бавниот раст, кој се забележува кај неговата онлајн продавница во последните години, во април најави побрза испорака за членовите на „Прајм“, што значи дека пакетите „Амазон“ сега стигнуваат истиот, а не следниот, што ја зголеми продажбата, иако трошоците се зголемија.

Затоа, оперативната добивка се очекува да порасне од 1,2 на 2,9 милијарди американски долари овој квартал, при што аналитичарите предвидуваат профит од 4,3 милијарди долари. Според компанијата, прометот ќе изнесува 86,5 милијарди американски долари за време на сезоната на празници.

Од друга страна, и покрај зголемените трошоци на неговата компанија, Џеф Безос сепак ќе останеше на врвот на списокот на најбогатите доколку не се разведеше од својата поранешна сопруга Мекензи Безос, која со разводот доби четвртина од уделот на Безос во „Амазон“.

Поврзани вести

Веб страницата на ФИТР цел на хакерски напад

msp-admin

Волво повлекува 54.000 возила

msp-admin

Вакцината против корона на „Moderna“ со ефикасност од 95%

msp-admin