СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Корисниците на Samsung Galaxy Note10 веќе можат да го тестираат Android 10

Корисниците на Samsung Galaxy Note10 и Note10 + сега можат да го пробаат Android 10 со новиот One UI 2.0 интерфејс.

Според SamMobile, бета верзијата на ажурирањето е веќе достапна во Германија, а наскоро треба да биде достапна во САД и Кореја.

Сè уште не е јасно дали програмата ќе биде достапна во С. Македонија.

Веб-страницата наведува дека софтверот е практично идентичен со втората бета верзија за сериите Galaxy S10, која исто така беше објавена денес и содржи ноемвриски безбедносни поправки плус нови дополнувања на One UI 2.0.

Корисниците можат да се регистрираат за програмата за тестирање преку апликацијата Samsung Members, а потоа да добијат ажурирање со големина од околу 1,8 GB.

Добра идеја е да направите резервни копии на информациите за уредот преку Samsung Smart Switch Samsung, бидејќи ако одлучите да се вратите на Android Pie, ќе треба да ги избришете сите информации од уредот.

Поврзани вести

Револуционерен план на Маск: Сензори во човечкиот мозок за помалку од година дена

msp-admin

Се појави нова социјална мрежа од ко-основачот на Википедија

msp-admin

Патент на OnePlus го навестува дизајнот на идниот часовник на компанијата

Влатко Зорба