СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нов алгоритам на Google ќе подобри 10% од пребарувањата на Интернет

Google постојано експериментира со нови идеи за тоа како да ги подобри можностите на својот пребарувач. Google сега е подготвен и објавува ново ажурирање што ќе ги промени перформансите на нивните алгоритми. Ажурирањето се заснова на најновите иновации во технологијата „Natural Language Processing (NLP)“. Во случај се да оди според планот, Google очекува промената да опфати 10% од пребарувањата на Интернет. Самото ажурирање е резултат на повеќе од десет месеци развој.

Клучното подобрување што можеме да очекуваме е поврзано со подоброто разбирање на контекстот на зборовите. Google вели дека промените ќе им овозможат подобро да ја детектираат и разбираат врската меѓу нив за да ни дадат најдобри можни резултати, пренесува TheVerge. На овој начин, алгоритмите за пребарување на Google ќе можат да дадат приоритет на одредени зборови на штета на другите, за кои компанијата тврди дека ќе помогнат да се репродуцираат уште покорисни резултати од пребарувањето.

Името на новиот алгоритам е Bidirectional Encoder Representations from Transformers (BERT). Голема разлика е во тоа што за разлика од сегашниот систем, секој збор ќе се зема како еден цел. Со текот на времето, BERT ќе стане подобар во анализирање и разбирање на барањата на клиентите. Овој алгоритам првично ќе се користи за сите англиски барања, но потоа ќе најде примена и на други јазици. Сите овие измени ќе го направат пребарувачот на Google уште подобар и побрз при пронаоѓање информации.

Поврзани вести

Смартфони со Qualcomm SoC за 55 долари ќе го преплават пазарот

Влатко Зорба

Се појавија нови детали за Space Zoom камерата на Samsung Galaxy S11 +

msp-admin

Како да се бориме против сајбер криминалот?

msp-admin