СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Хрватска: Даночната управа инсталира чипови во кафематите

На 1 јануари годинава, во Хрватска започна да се применува фискализација за кафемати, машини за перење автомобили и други уреди за самопослужување.

Досега се пријавени 16.180 уреди со вградена опрема за фискализација, дознава Јутарњи лист од Хрватската даночна управа.

Споменатиот број на уреди за самопослужување во фискализацијата не е конечен бидејќи, како што истакнале во Даночната управа, рокот што им е даден на сопствениците на овие уреди за инсталирање на соодветниот софтвер и апликацијата за тоа трае до крајот на тековниот месец.

„Даночниот обврзник е должен е пред почетокот на продажбата преку уреди за самопослужување да доставува податоци за секој уред и само по доставата на податоците може да започне да продава преку уреди за самопослужување и да ја спроведува постапката за фискализација на продажбата“, велат од Даночно.

Тие забележуваат дека внесувањето на секој уред за самопослужување во системот за фискализација не значи обврска на сопственикот да издава сметки на потрошувачите, туку „обврска за ажурирање на постојното софтверско решение на таков начин што во моментот на продажбата ќе се фискализираат податоците за продажба “.

Поврзани вести

Листата на на „Форбс“ најбогати Руси има нов лидер

msp-admin

БМВ повлекува 430 илјади автомобили поради опасност од пожар

Влатко Зорба

До 10 јуни: Во Скопје згаснале 35,5% од вкупниот број на компании

msp-admin