Стандард
КОМПАНИИ

Украина повторно увезува струја од Русија

Украина го обнови увозот на електрична енергија од Русија и во моментов увезува околу 200 мегават часови, објави државната електроенергетска компанија „Укенегро“ на својата веб-страница.

Во јануари годинава украинските компании исто така продолжија комерцијален увоз на електрична енергија од Белорусија, со капацитет меѓу 310 и 480 мегавати, објави агенцијата ТАС С.

Претходно, во декември 2019 година, Украина забрани увоз на електрична енергија од Русија.

Во тоа време, украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша измени и дополнувања на законот за пазар на електрична енергија, со кој конкретно се забранува продажба и снабдување со електрична енергија увезена од Русија.

– Со закон се утврдува забраната за продажба и / или снабдување со електрична енергија што се увезува од Руската Федерација- беше напишано во тогашното соопштение.

Како што е прецизирано, украинската влада „има право да ја укине оваа забрана за период што го определува со цел да се избегне вонредна состојба во унифицираниот енергетски систем на Украина“.

Поврзани вести

Велика Британија останува најголем купувач на руско злато

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

msp-admin

Кражбите на криптовалутите нагло растат

msp-admin