СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Еве што се купува во Европа за време на пандемијата

Кризата предизвикана од пандемијата на вирусот „Ковид-19“ не само што ги промени социјалните и работните навики на Европејците, туку и нивните навики на исхрана и купување.

Според бриселскиот портал „Политико“, не станува збор само за тоалетна хартија, туку и за намирниците, така што побарувачката за пакувани мандарини е зголемена во Италија, во Франција за пилешки колбаси, а во Велика Британија за конзервирано месо.

Според податоците од продавниците за малопродажба во тие три земји, се зголемила побарувачката за храна со подолг рок на траење, а луѓето почнале да трошат повеќе во супермаркетите отколку пред кризата.

Сепак, постојат и категории на храна кои претрпеа загуби. Продажбата на козметички производи се намали во Франција и Италија.

Како што се наведува, овие промени во потрошувачката извршиле голем притисок врз синџирот на снабдување со храна, а тоа не помина незабележано од политичарите, па министрите за земјоделство од земјите членки на ЕУ минатата недела разговарале за измените во потрошувачката.

Тие заклучија дека има значително намалување на набавката на вредни производи како што се вино, риба, цвеќиња, додека побарувачката за намрнци како што се ориз, тестенини, јајца, конзервирана храна, долготрајно овошје и зеленчук значително се зголеми.

Порталот наведува дека продажбата на алкохолни пијалоци е зголемена во Европа, освен во Франција, каде до 8 март е забележан пад на продажбата за околу четири отсто во однос на истиот период лани.

Продажбата на пилешко месо се зголеми за 33 отсто, продажбата на телешко и коњско месо се намали за дури 64, осносно 62 отсто, додека потрошувачката на зајачко месо се зголеми за четири пати во однос на истиот период лани.

За време на карантин, луѓето почнаа да печат сами, па така продажбата на брашно и квасец се зголеми за три пати.

Сепак, најголемото зголемување на продажбата во текот на првата недела од март во европските земји се однесува на средствата за заштита, како алкохол, чија продажба во Италија се зголеми за 247 отсто, а е забележана и двојна побарувачка за хигиенски марамици, нараквици и средства за дезинфекција.

Во тој период, во Франција е зголемена продажбата на фармацевтски производи како топломери, сапуни за бањање и марамчиња за чистење, додека во Велика Британија двојно се зголеми побарувачката за средства за чистење и за лична хигиена.

Поврзани вести

Намален бројот на издадени одобренија за градење во април

Стопанственици: И покрај тоа што нудиме плата од 350-400 евра за општи работници никој не се јавува

МФ: Приходите во буџетот во август се за 14% пониски од лани

Влатко Зорба