СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБ бележи намалување на кредитите и депозитите во јануари

Во јануари, вкупните депозити бележат месечно намалување од 0,5%, што целосно се објаснува со падот кај депозитите на корпоративниот сектор, соопштија од Народна Банка.

Во споредба со истиот месец минатата година, вкупните депозити се зголемени за 6,3%, при речиси еднаков придонес кон растот на двата сектора.

Вкупните кредити во јануари 2021 година, се намалија за 0,1%, како резултат на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, додека кредитирањето на домаќинствата не забележа промена на месечна основа.

На годишно ниво, вкупните кредити пораснаа за 4,6%, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

Во јануари 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната маса оствари месечен пад од 0,5%, главно како резултат на намалените депозитни пари, а во помал дел и заради готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, во услови на раст кај краткорочните депозити.

На годишна основа паричната маса забележа раст од 9,0%, што во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, а позитивен придонес имаа и готовите пари во оптек и краткорочните депозити. Долгорочните депозити до две години забележаа пад на годишна основа, додава извештајот на НБ.

Поврзани вести

Земјоделските работници најпогодени според изгубените работни места

Влатко Зорба

Ова работно место се смета за едно од најтешките во светот

Stefanija Kuzmanovska

Пауновски: Дел од компаниите што увезувале јужно овошје имале шпекулативен однос кон пазарот